Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > Uncategorized > ЖРК Вардар одличен во подготовките со 3/3, падна Чаир со 8.позитива
ЖРК Вардар  одличен во   подготовките со 3/3, падна Чаир со 8.позитива

ЖРК Вардар одличен во подготовките со 3/3, падна Чаир со 8.позитива

Ако „денот се познава по утрото“…
…Девојките на Ристова и Царчев во пролетната полусезона ќе влезат во одлична форма, денес повторно победивме. Имаме 3/3 во подготвителниот период со тимови кои се пред нас на табелата. Најпрвин  на првата контролка во Чаир ги совладавме денешните ривали со 28-29, а потоа во „Јане Сандански“ падна лидерот на табелата и најголем фаворит за титула, тимот на ЖРК Куманово. Кумановчанки ги совладавме со резултат  35-31.

Денес на последната контролка пред викенд предизвикот во финалето од 1/4-финалната група „В“ во Купот на Македонија во „Јане Сандански“ ја пречекавме екипата на Чаир. На оваа средба дојдовме до висока победа со резултат 39-31, а на моменти водевме и со 11.гола повеќе.

Првиот дел започна со почетно испитување на силите, па двата тима погодија по три пати во противничките мрежи за почетна резултарска симетрија,  3-3. Вардарки заиграа подобро во одбраната, нашите голманки впишуваа интервенции па поведовме со 3гола предност, истата ја одржувавме се до пред одморот. На пауза помеѓу двата дела се замина со четири гола позитива за нас (19-15).

Одлично го отворивме вториот дел со серија 4-0 поведувајќи со осум разлика, и за само 4-5.минути ја удвоивме предноста од првите 30.минути. Во средината на овој период поведовме и со двоцифрена предност, односно со 11 гола повеќе од ривалот. Ристова повторно ротираше и даде прилика на целиот ростер, тоа донесе само минимално намалување на предноста. Победата дојде со осум гола позитива, одноносно со резултат 39-31.

Кај нас четири девојки имаа 5ки зад своето име: Галевска Марија која во сите три контролки е на врвот на листата, потоа Трпевска Ивона  и капитенот Диневска Бојана, како и голманот Трајкоска Јована. Пет девојки имаа број.3 за имињата, по три гола дадоа: Михаела Стојановска, Џатевска Ивана и  Михаела Лазаровска, а голманките:  Симона Грујовска и Андреа Илиќ по три топки сопреа. Денес се играше тимски, па шест девојки погодија 12 пати односно секоја во две прилики: Ангела Костовиќ, Јасмина Попова, Миновска Сара, Фани Ѓорѓиевска, Ива Јаковчевска и Теодороа Стаменкова.