Saturday ,13 July 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Последен натпревар во групната фаза, Вардар е домаќин на Брест Мешков
Последен натпревар во групната фаза, Вардар е домаќин на Брест Мешков

Последен натпревар во групната фаза, Вардар е домаќин на Брест Мешков

Денес, тимот на РК Вардар ќе го одигра последниот натпревар во рамките на групната фаза од Лигата на Шампионите. Во С.Ц. Јане Сандански ќе гостува екипата на Брест Мешков.

За вардарци остануваат само две дилеми пред почетокот на овој натпревар, дали ќе заврши на шесттото или седмото место во групата А, позиција од која ќе зависи противникот во 1/8 финалето на ЛШ, иако и тука нема некоја голема разлика, со оглед дека Веспрем или Кил ќе бидат нашата пречка кон пласман во осумте најдобри екипи во ЛШ.

Брест Мешков нема никаков императив на денешниот натпревар, со оглед дека веќе го има обезбедено четвртото место во групата. Откако Пик Сегед со службен резултат го загуби натпреварот од тимот на ПСЖ, стана јасно дека Мешков ќе заврши на 4.место во групата А, така да без разлика на исходот со Вардар, момците на Алонсо ќе бидат четвртопласирани во групата. Напомена, за Вардар да стигне до 6.место покрај триумф против Мешков, ќе му треба и триумф на Елверум во дуелот со Порто.

Вардар и Брест Мешков имаат одиграно пет меѓусебни дуели во Лигата на Шампионите, и имаат еднаков скор што се однесува до исходот на натпреварите. По две победи имаат и двете екипи, додека еден дуел завршил со нерешен резултат. Последниот натпревар беше одигран на стартот на оваа сезона, кога на гостински терен, Вардар загуби минимално со резултат 24:22, иако на пет минути пред крајот бодовите ни беа на дофат. Добро познат противник за црвено-црните со оглед дека имаме играно со Брест и во СЕХА-лигата. Најдобри нивни стрелци во ЛШ се Микита Ваилупау со 55 и Марко Паниќ со 54 голови, додека дел од тимот е и поранешниот вардарец, Сташ Скубе кој е „моторот“ на белорускиот шампион.

Вардарци ќе се обидат да стигнат до својата само четврта победа во ЛШ ( една ја добивме со службен резултат) и да го поправат впечатокот пред главните предизвици кои им претстојат.

Натпреварот ќе стартува во терминот од 18:45 часот, со директен пренос на МРТ-1 и Арена Спорт 5.