Tuesday ,23 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Висок триумф за генерација 2006 на пријателски дуел против Њу Старс
Висок триумф за генерација 2006 на пријателски дуел против Њу Старс

Висок триумф за генерација 2006 на пријателски дуел против Њу Старс

Генерацијата 2006 на ФК Вардар продолжува со одигрување на контролни натпревари во подготвителниот период.

Избраниците на Милан Коцески стигнаа до нов триумф на пријателските натпревари против екипата на Њу Старс. На дуелот кој се одигра на теренот во Ѓорче, славеа црвено-црните убедливо со резултат 1:4. Сите дилеми околу победникот беа решени во првото поувреме, кога Вардар имаше висока предност од 0:4. Дарко Сековски и Алтин Нурединовски постигнаа по два гола. Во вториот дел, домаќинот постигна еден гол за ублажување на поразот.

Тренерот Коцески се реши шанса за настап да им даде на сите играчи, кои беа на располагање за овој натпревар.