Екипата на ФК Вардар стигна до висок триумф на денешниот контролен натпревар против екипата на Локомотива. Овој дуел се одигра на теренот во Градско и припадна во корист на црвено-црните кои славеа со резултат 0:3.
Шанса на овој натпревар добија помладите играчи, како и оние кои немаа голема минутажа на подготовките во Охрид.
Тренерот Симов се одлучи за следниве 11-сетмина: Стојковски, Јовановски, Давков, Ѓоргоски, Поповски, Ѓоргиевски, Тодоровски, Нијаз, Парталко, Наумоски и Мирков.
По првото полувреме Вардар беше во водство од 0:2. Првиот гол беше ремек дело на Ненад Тодоровски кој ефектно погоди од околу 20-сетина метри, после одбиена топка. Вториот гол го постигна Никола Наумоски, со удар од белата точка, откако претходно во противничкиот шеснаесетник соборен беше Антонио Мирков. Со резултат 0:2 се замина на полувреме.
Вардар имаше доминација и во вториот дел од натпреварот, период во кој постигна уште еден гол, втор за Никола Наумоски кој после одлична асистенција од Мирков, излезе сам со голманот, и биеше прецизно за предност од 0:3. Пред крајот на натпреварот одлична интервенција имаше Лука Стојковски, кој ја остави мирна мрежата на Вардар на овој пријателски дуел.
Во игра влегоа уште и Тасевски, Здравковски, Марковски, Хасани, Ричков, Грозданоски и Саит.