Македонија имаше лош старт на кадетскиот ЕХФ Шампионат кој се одржува во Скопје. Избраниците на Кирил Лазаров беа поразени на првиот натпревар од репрезентацијата на Грција.
Со оглед дека во најголем дел од натпреварот заостанувавме зад противникот, на крајот поразот беше и неизбежен. Имавме и лоши и добри периоди во нашата игра, но сепак Грција се покажа како подобра на овој натпревар. Уште на полувреме се стекна со позитива од пет голови (11:16), а во такви околности многу беше тешко да се „брка“ негатива во вториот дел.
Иако се обидувавме да се доближиме на противникот, тоа се случи пред во последниот период од натпреварот кога намаливме на само два гола негатива, но немавме сили за нешто повеќе. На крајот бевме поразени со резултат 26:30.
Единствениот вардарец во составот на Македонија, Давид Савревски, успеа да постигне два гола.
ФОТО: 24 ракомет