Генерацијата на ФК Вардар родени “2004“ година со висок триумф го стартуваа пролетниот дел од сезоната во регионалната-скопска лига, откако утрово на теренот на Академијата беа подобри од врсниците од Форца, кои ги победија со резултат 6:0.
Тренерот Кралевски стартуваше со следниве 11-сетмина: Ангелов, Љушев, Милошески, Јаневски, Анчевски, Серафимов, Хајдари, Павлески, Попов, Каровски, Гуџуфи.
Вардарци уште во првите минути од натпреварот успеваат да го отворат резултатот и да поведа со 1:0, со голот на Горазд Попов. Избраниците на Кралевски имаа целосна доминација, голем посед на топка и постојано беа во атак кон голот на Форца. Сепак противникот не дозволи за брзо време да прими нов гол и успешно одолеваше на нашите напади. Никола Анчевски посебно беше активен од левата страна и им созддаваше големи проблеми на противничката одбрана со своите продори по оваа страна. При една акција од таа страна, беше направен корнер, кој го изведе токму Анчевски, кој упатува прецизна топка до стоперот Игор Јаневски кој со глава ја смести топката во мрежата, која имаше чуден правец и беше тешко да се одбрани. Противничкиот голман беше принуден да ја вади топката од мрежата, а тоа значеше и водство на црвено-црните од 2:0.
Се редеа шансите пред голот на Форца, имаше два обиди и Горазд Попов, едниот беше од прекин, кога од слободен удар биеше во долниот лев агол, каде голманот беше успешно поставен и ја прибра топката во своите раце, втората прилика беше во акција, кога одбиена топка стигна до Попов, кој имаше отворен простор и голем простор да погоди, но топката оди покрај голот на Форца. Можевме да го зголемиме резултатот кога Павлески ја погоди стативата, а Гуџуфи со обид од околу 20 метри се обиде, но голманот одбрани, за топката да оди во нов корнер. Први измени во редовите на Вардар.
Тренерот Кралевски од игра ги повлече Хајдари и Попов, за во игра да влезат Арбин Курти и Димитар Стоимов. До крајот на првиот дел зголемуваме на 3:0 со голот на Бесар Гуџуфи, кој успева од втор обид да погоди откако првиот удар заврши во пречката.
Брзо постигнуваме гол и во вториот дел кога својот втор погодок Гуџуфи носи зголемување на предноста од 4:0. Тренерот Кралевски им даде шанса за настап на сите играчи кои му беа на располагање за денешниот дуел.
Од теренот излегоа Ангелов, Гуџуфи, Каровски, Милошески и Серафимов, додека во игра влегоа Гигов, Стојановски, Дошев, Перковски и Богдановски. Ништо не се смени ниту во второто полувреме, Вардар беше тимот кој беше во целосна офанзива. Форца ја имаше првата и единствена голема прилика да постигне гол кога од слободен удар ја погодија пречката, но нашиот голман Гигов ја допре топката доволно да не заврши во неговата мрежа.Во пролетниот дел, Кралевски им дава шанса на двајца играчи кои се родени “2005“ година. Токму едниот од нив, Арбин Курти го постигнува својот деби гол во оваа генерација, зголемувајќи го резултатот на 5:0.
Иако иамвме високо водство сакавме да постигнеме уште некој гол, се играше акција од десната страна кога топка нафрли Дошев, која стигна до Стоимов, кој од непосредна близина го префрла голот. За да биде победата поубедлива се погрижи Павлески кој со својот прв гол денес ги поставува конечните 6:0 на овој дуел од првото пролетно коло во регионалната-скопска лига.
Ова беше вкупно 11 победа од исто толку одиграни мечеви за оваа генерација на Вардар, која покажува дека е најголем претедент за освојување на титулата, во дебитанската сезона во ова натпреварување.