Влатко Грозданоски според нас е најдобар играч на вчерашното градско дерби со Работнички. Одлична партија на нашиот играч на средината на теренот, по десната страна, а потоа и по левата страна. Изгледа на Влатко не му пречи која позиција ќе ја игра, тоа се покажа и на овој натпревар. Постигна погодок по една одлична топка од Попов, помина два противнички играчи и го матираше Божиновски за 1:0
Потоа играше одлична улога на средината на теренот, ја покриваше десната страна, а на моменти и левата, борбеност за секоја топка, тоа го красеше Влатче на овој натпревар. Ги одигра сите 90 минути во црвено-црниот дрес.
Влатко Грозданоски играч на натпреварот (7) Горан Попов 6,5
Фото: fkvardar.mk