Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Вардар ремизираше, се ќе се решава во Ѓорче на 10. октомври
Вардар ремизираше, се ќе се решава во Ѓорче на 10. октомври

Вардар ремизираше, се ќе се решава во Ѓорче на 10. октомври

Вардар и Македонија ЃП oдиграа 1:1 (0:1) на првиот дуел од 1/8 финалето во Купот на Македонија. Гостите први дојдоа до предност преку Кировски, а Вардар израмни во 72. минута со голот на Вилијан Лира. Се ќе се решава на реваншот во Ѓорче, кој е на програмата на 10. октомври.

Вардар имаше негатива по првиот дел од еден гол разлика 0:1. Во 13. минута екипата на Македонија ЃП преку поранешниот „вардарец“, Христијан Кировски го отвори резултатот. До крајот на првиот дел иако Вардар имаше неколку шанси да израмни, сепак остана 0:1.

Во вториот дел Вардар отвори напаѓачки со цел голови и пред се анулирање на негативата. Одбраната на гостите капитулираше во 72. минута кога преку Лира, црвено – црните дојдоа до израмнување, 1:1.

Вардар: Александар Кировски, Кристијан Тошевски, Никола Херанз, Коста Манев, Јован Попзлатанов, Дарко Мицевски, Кларенс Битанг, Алекс Талевски, Матеј Цветановски, Тигран Барсегјан и Вилијан Лира.