Saturday ,27 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Гедбан: Верувам дека ќе ја оправдам довербата
Гедбан: Верувам дека ќе ја оправдам довербата

Гедбан: Верувам дека ќе ја оправдам довербата

Алжирскиот голман Калифа Гедбан е подготвен и тој ќе го има првиот официјален натпревар за Вардар в сабота пред новите свои навивачи во Лигата на шампионите против тимот на Кристијанштад.

Гедбан би требало да му биде од голема помош на сега веќе со сигурност првиот голман на тимот Милосављев, кој имаше фантастично деби во Л.Ш изминатиот викенд.

„Верувам дека ќе ја оправдам довербата и ќе го дадам мојот максимум во Вардар. Чест ми е што ќе бидам дел од тим каков што е Вардар, тоа е сон за секој ракометар во светот “ , рече Гедбан.