Wednesday ,24 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Дури осум вардарки повикани за младинската женска селекција за ЕХФ-неделата
Дури осум вардарки повикани за младинската женска селекција за ЕХФ-неделата

Дури осум вардарки повикани за младинската женска селекција за ЕХФ-неделата

Денес, селекторот на младинската женска репрезентација на Македонија, Јулијана Дамчевска, објави списоци на повикани ракометарки за ЕХФ неделата. На поширокиот место најдоа 24 имиња, додека за првиот собир се повикани 20 репрезентативки. Собирот е закажан на ден 24 септември со почеток во 8:00 часот во спортската сала во Автокоманда во Скопје.

Селекторот  Дамчевска на својот список повика осум девојки од ЖРК Вардар. На списокот од црвено-црниот тим се најдоа: голманките Грујовска и Илиќ, потоа Седлоска, Џатевска, Николиќ, Божиновска, Трпевска и Петковска.

ЕХФ неделата ќе биде на  крајот на овој месец, од 24 -30 септември.

cz-cz