Во недела на теренот на Академијата, 8.коло во регионалната-скопска лига ќе го одиграат генерациите на Вардар родени 2005 и 2006 година, кои за противник ќе ја имаат екипата на Кул Здравје. Мечевите ќе се одиграат во термините од 14:30 и 16:30 часот.
Генерацијата 2006 на Вардар има максимални 18 освоени бодови на шест одиграни мечеви. Гол разликата на црвено-црните е 32 постигнати и ниту еден примен гол. Екипата на Кул има одиграно 7 натпревари, на кои има остварено четири победи и три порази.
Дербито меѓу овие екипи ќе се одигра кај генерацијата 2005. Екипата на Кул има два меча повеќе од Вардар и е прв на табелата со 21 освоен бод, додека Вардар е втор со 15 бодови, на пет одиграни дуели. Двете екипи се издвојуваат како главни претеденти за освојување на трофејот. Да потсетиме минатата сезона, Вардар беше шампион во лигата, додека купот го освои Кул, кој во финалето го совлада токму Вардар.