Младиот тим на Вардар Јуниор е во налет, реди успеси и напредува на табелата. По 9.кола, момците на Стојан Петрушевски и Пепи Манасков со 12.бода се наоѓаат на 6.позиција. Во следниот меч го пречекува тимот кој е на позицијата пред него, па со победа по 10.коло може да преминеме во првата половина од табелата.
Следен ривал во 10.коло од машката Супер лига ни е тимот на РК Радовиш од истоимениот град. Овој натпревар е закажан за недела, 10.ноември во Спортскиот Центар „Јане Сандански“. Дуелот кој ќе се игра со почеток во 19-00 часот ќе го судат Мирко Трајковски и Александар Вукашиновски.