Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Во петок, градско фудбалско дерби, помеѓу Вардар и Работнички, кај генерациите 2005 и 2006
Во петок, градско фудбалско дерби, помеѓу Вардар и Работнички, кај генерациите 2005 и 2006

Во петок, градско фудбалско дерби, помеѓу Вардар и Работнички, кај генерациите 2005 и 2006

Во петок на теренот на Академијата, градското фудбалско дерби во регионалната-скопска лига ќе го одиграат генерациите 2005 и 2006 на ФК Вардар, кои за противник ја имаат екипата на Работнички. Според распоредот, ова е натпревар од 4.коло во ова натпреварување.

За генерацијата родени 2005 година ова ќе биде само втор официјален натпревар сезонава. Во првото коло кое се смета за ревијално одигравме против Академијата на ФФМ, додека во второто коло на домашен терен момците на Петковски убедливо ја победија екипата на Шкендија. Во третото коло не одигравме меч, со оглед дека Македонија Ѓ.П, нема екипа во оваа возрасна категорија. За разлика од Вардар, тимот на Работнички ги одигра сите три кола, на кои оствари две победи и еден нерешен резултат, со што се наоѓа на 2.место на табелата.

Генерацијата 2006 на ФК Вардар има максимални шест освоени бодови, на два одиграни натпревари. Момците на Спасески издвојуваа триумфи во дуелите против екипите на Шкендија и Македонија Ѓ.П, додека изминатиов викенд одиграа дуел од 1/8 финалето на Купот, каде убедливо го победија тимот на Работнички, кој е наш следен противник и во регионалната-лига. Што се однесува до Работнички, во лигата имаат одиграно два дуели, на кои остварија една победа и нерешен резултат.

Мечевите во петок ќе започнат во термините од 14:00 и 16:00 часот.