Thursday ,18 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Дисингер сеуште без реализација, време е за голови против неговиот екс тим!!
Дисингер сеуште без реализација, време е за голови против неговиот екс тим!!

Дисингер сеуште без реализација, време е за голови против неговиот екс тим!!

Верувале или не, единствениот Германец во дресот на Европскиот шампион Вардар, Кристијан Дисингер, сеуште нема постигнато гол во новата сезона во Лигата на шампионите, а ги одигра сите три натпревари од стартот.

Дисингер ќе има одлична шанса „црната серија” да ја прекине уште во сабота во Скопје, каде гостува германскиот великан Кил и екс тим на левиот бек. Знаеме дека Кил не веруваше во сега веќе нашиот шампион, па еве му дополнителен мотив да се покаже и да го „растури” тимот кој не му даде голема шанса иако беше најавуван како голем талент на овој клуб.

Инаку кога сме кај головите, Дисингер минатата шампионска сезона застана на 29 погодоци.