Вардар денеска патува во Тетово кај тимот на Ренова на дуел од рамките на 4.коло од ПМФЛ. Пред Вардарци стои традиционално тешко гостување, а дополнителен мотив за противникот е тоа што го отворија шампионатот одлично и имаат седум бодови по три одиграни натпревари. Вардар овој натпревар го дочекува во пријатна атмосфера, со две победи во низа, оние против Работнички и Саса во Купот, а може да се пофали дека нема примено погодок веќе три натпревари, или 270 минути.
Здравствениот билтен во редовите на Вардар е добар. Во тимот како што е добро познато се врати Најдовски, а Аврамовски е во серија од два погодоци едно по друго. Составот за денешниот натпревар ќе биде ист како против Работнички, со Гачевски на голот, со Серафимов, Новак, Тошевски и Жуниор во одбраната, потоа Мицевски, Најдовски и Адем на средината на теренот, по крилните позиции ќе делуваат Аврамовски и Брдаровски, а во нападот ќе биде Бојан Колевски.
Очекуваме еден интересен натпревар и се надеваме дека на крајот нашиот тим ќе се радува на победа и три бода.
Последни пет дуели на овие два тима:
Вардар – Ренова 2:0
Ренова – Вардар 4:0
Вардар – Ренова 0:0
Ренова – Вардар 0:1
Ренова – Вардар 1:1