Фк Вардар најпрвин оваа зима направи тим за европски рамки, донесе играчи кој Македонскиот шампионат можеше само да ги сонува до пред некоја година. Потоа имаше одлични подготовки во Турција, одигра зрели мечеви, со противници од Русија, Полска, Чешка, Словачка.
Се врати во Скопје, го доби приматот најскапа екипа во историјата на Македонски фудбал, со право, тимот вреди повеќе од 10 милиони евра, ако се споредува со останатите екипи тоа е рамно на потсмев, единствено Шкендија се наоѓа тука некаде зад Вардар.
Почна и ПМФЛ, по три месеци, Вардар одигра меч во Кратово, покажа мок, сила, по само 20-тина минути игра водеше со 3:0, во недела игра на домашен терен, по пауза од подолго време, сакавме моќен тим, убедлив тим, со квалитетни играчи, добивме.
Да ја наполниме Арена Филип II во недела како што ни доликува !
Сите на стадион, Вардар игра !