Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Веб-Сајтот на РК Вардар со ново руво со модерен имиџ
Веб-Сајтот на РК Вардар со ново руво со модерен имиџ

Веб-Сајтот на РК Вардар со ново руво со модерен имиџ

РК Вардар реши да го модернизира својот Веб сајт комплетно во ново руво . Подостапен , поубав ,попрегледен со нов европски изглед . По повод оваа новина од Црвено-Црвениот ракометен колектив од клубот го велат следново :

Ние сме благодарни и горди на армијата поддржувачи на Вардар која од ден на ден се зголемува и се зацврстува и сакавме да се оддолжиме со еден нов изглед, затоа што нашите читатели и фанови го заслужуваат тоа. Од пред една сезона клубот сврте нова страница во својата историја, а сега и симболично го промовира новиот имиџ како следбеник на сите позитивни промени.

Вардар одамна е бренд во границите на Македонија, а полека, но сигурно својата популарност ја шири низ цела Европа. Трката по што подобри резултати и позначајни успеси не ја сфаќаме само на теренот, туку во сите сегменти од работењето на клубот.

Нашите амбиции ги гледаме на врвот на континентот, рамо до рамо со најголемите ракометни имиња, а таквото реноме има обврска да биде спакувано во современ изглед. Се надеваме дека нашата нова интернет-страница ќе ги задоволи вкусовите и потребите на нашите верни поддржувачи и дека заедно ќе ја полниме со позитивни содржини, со наслови за многу победи и за многу титули.

ЕДЕН ЖИВОТ, ЕДНА ЉУБОВ!

Проверете на http://www.rkvardar.com.mk/