Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Втор триумф на контролните натпревари за избраниците на Милан Коцески
Втор триумф на контролните натпревари за избраниците на Милан Коцески

Втор триумф на контролните натпревари за избраниците на Милан Коцески

Генерацијата 2006 на ФК Вардар стигна и до вториот триумф на контролните натпревари. Вчера на теренот на Академијата успеавме да ја победиме генерацијата 2005 на ФК Работнички. Конечниот резултат на овој дуел гласеше 5:2 во корист на вардарци.

На полувреме, нашите млади надежи имаа водство од 3:0, со два гола на Марко Николовски и еден на Алтин Алији. Во вториот дел паднаа уште четири голови, по два во двете мрежи. За Вардар стрелци во овој дел од мечот беа Стефан Коловски и Михаил Танчев.

Тренерот Милан Коцески го стартуваше овој натпревар со следниве 11-сетмина: Данстак, Ајетовиќ, Јанкоски, Спасовски, Порчу, Лефковски, Миовски, Нуредини, Величковски, Николовски и Алији.