Во петиот подготвителен натпревар во Анталија Вардарци одиграа 2:2 со Украински Хелиос.
Во комбиниран тим, без најдобрите играчи Вардарци го одиграа овој меч. Почна многу лошо за есенскиот шампион, по само седум минути Хелиос поведе со 2:0
По две огромни грешки на дефанзивците на Вардар, Украинците казнија и поведоа со 2:0
Потоа Црвено – Црните се соземаа и почнаа да играат подобар фудбал, па така по една акција од крилната страна топката стигна до Миранјан кој постигна гол за 1:2
Потоа следуваше и вториот гол за Вардар. По еден слободен удар од 16-тина метри, Дашјан силно шутираше во живиот зид, а топката се одби до Петковски кој постигна гол за 2:2
Во вториот дел се играше здодевен фудбал за око, тренерот Андреев направи три замени.
Најголемата шанса за водство и победа ја имаше Филип Петковски кој не успеа да погоди од белата точка.
Па така со овој резултат и заврши мечот.
Утре ФК Вардар игра уште еден меч со Украинскиот Металург Запорожје.
Фото:фквардар.мк