Започнува мисијата “Лига Шампиони“ за црвено-црните фудбалери од утре . Во Скопје утре ќе се одржи првиот тренинг на фудбалерите на Вардар кој ќе биде прв собир за подготовките за новата сезона 2015/2016 и европските предизвици кои следуваат .
Вчера и денес во С.Ц Јане Сандански во новиот медицински центар фудбалерите ги имаа задолжителните лекарски прегледи. Вардар во Австрија ќе ги ја темпира формата за европските мечеви каде во изворендни услови ќе се подготвува црвено-црниот тим . За тренерското место се уште нема никаква информација од клубот дали Андреев ќе продолжи со тимот или како што ние најавивме нов стратег ќе ги води вардарци во искушенијата што следуваат.