„Вардар Фанс” праша, а Вие гласавте. Со убедливи 199 гласови, Жуниор Реис Родригез е играчот на месец септември. Повеќе од заслужено, бразилецот го добива ова признание по феноменалните партии, асистенции и голови во „црвено-црниот” дрес. Покрај Жуниор, втор на листата се најде капитенот на Вардар, Филип Гачевски, а во изборот на „Вардар Фанс”, третото место му припадна на младиот Серафимов со 53 гласови.
(Во оваа анкета беа избрани осум фудбалери од ФК Вардар)
Фотографија од гласовите: