Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > (ФОТО) Петрушевски, тренерот на Вардар Јуниор на децата во К.Вода Вардар им одржа тренинг
(ФОТО) Петрушевски,  тренерот на  Вардар Јуниор на децата во К.Вода Вардар им одржа тренинг

(ФОТО) Петрушевски, тренерот на Вардар Јуниор на децата во К.Вода Вардар им одржа тренинг

Младите ракометари во нашата школа Кисела Вода Вардар имаа невообичаен тренинг. Заедно со тренерот на Вардар Јуниор Стојан Петрушевски, поранешен селектор на сениорската и на младинската репрезентација на Македонија тренираа како големи ракометари. Научија по некоја нова финта, но пред сѐ добро се забавуваа и уживаа во вежбите и игрите кои им ги организираше Петрушевски.

71862168_2507075882854597_4598437122356019200_n

71798198_2507075426187976_3467486050505457664_n

Нашиот тренер во Кисела Вода Вардар Билјана Пецевска со Петрушевски го поделија часот, па така гостинот можеше да присуствува на тренинг и во двете старосни групи, односно прво работеше со дечињата родени 2010 и помали, кои тренираат мини ракомет, а потоа остана со децата родени 2008/09. Остатокот од часот Пецевска го посвети на вообичаените тренинг активности, односно учење на ракометните вештини.

72335643_2507075412854644_3833761737681666048_n 72575089_2507075596187959_4346458885817630720_n

„Со деца е секогаш забавно да се работи, но, посебно ми се допадна што и на двата часа децата беа фокусирани и сакаа да научат финта повеќе. Внимаваа што им објаснував и се трудеа да ја направат вежбата, иако за дел од децата овие вежби се нови и можеби првпат ги работат. Заеднички уживавме во тренингот и се надевам дека ќе повториме”, рече Петрушевски по завршувањето на часовите.

trenerot-stojan-petrushevski-od-vardar-junior-na-decata-vo-kisela-voda-vardar-im-otkrivashe_1

На тренингот присуствуваа и дел од ракометарите од екипата на Вардар јуниор, Виктор Крстевски и Стефан Крстевски кои му помогнаа на Петрушевски да извлече насмевки на детските образи.

Децата од Кисела Вода Вардар, како членови на Ракометната академија Вардар ќе играат на турнирот „Еден живот, една љубов”, а подоцна ќе се натпреваруваат и во Вардар Јуниор лигата.

* За упис во Кисела Вода Вардар комуницирајте со Билјана Пецевска 078 345 – 687