Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > Младинците се есенски шампиони, кадетите и пионерите на второто место со еден бод помалку од лидерите
Младинците се есенски шампиони, кадетите и пионерите на второто место со еден бод помалку од лидерите

Младинците се есенски шампиони, кадетите и пионерите на второто место со еден бод помалку од лидерите

Изминатиов викенд се одигра последното есенско коло во првенството на младинските фудбалски категории. Противник за Вардаровите екипи беше Ренова, против која забележавме четири победи.

Помладите пионери ја кренаа формата забележувајќи ја втората последователна победа. Двата гола на Ибрахим Ариф беа решавачки за победата во Тетово, три бода кои во пролетниот дел не оставаат конкурентни за титулата. Вардар се наожа на седмото место со 17 бодови, но само шест помалку од Металург, кој е лидер по завршување на есенскиот дел. Последните три натпревари на кои забележавме еден нерешен резултта( Шкендија) и две победи ( Шкупи и Ренова) даваат надеж за подобро издание за избраниците на Сашо Јанев во пролетниот дел.

Пионерите ги заборавија двата порази во серија и триумфираа во последното есенско коло. Избраниците на Сашо Тодоровски се “истурија“ врз гипсарите и со петарда во противничката мрежа си заминаа од Тетово. Со два гола на Битиќи и по еден на Адем, Антовски и Дарлишта го завршуваме есенскиот дел од сезоната на второто место. Прва е екипата на Шкупи со само еден бод предност од црвено-црните. Не очекува интересен пролетен дел и борба со екипата од Чаир, која е наш најголем конкурент за титулата.

Победата во последното есенско коло остварија и кадетите кои минимално на домашен терен ја победија Ренова. Дејан Стоименов беше играчот на одлука кој го постигна единствениот гол за Вардар, со кој им донесе многу важни бодови во борбата за титулата. Работнички играше само нерешено против Прилепска Победа, па сега бодовната разлика е сведена на само еден бод во корист на Работнички. И тука не очекува интересна пролетна полусезона, се до последното коло ќе биде неизвесно кој ќе биде новиот шампион во оваа категорија.

Младинците после првиот сезонси пораз од Шкупи, брзо се вратија на победите и на убедлив начин го завршија есенскиот дел од сезоната. На домашен терен ја оправдавме фаворитскат улога против Шкупи и славевме со резултат 5:0. Пет различни играчи на овој меч се запишаа во листата на стрелци. Димков, Беќири, Даци, Ричков и Личина стрелаа за Вардар. Нашите младинци се есенски шампиони со пет бода бода повеќе од второпласираната Шкендија, која има и натпревар помалку за одигрување.