Friday ,03 May 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Кадетките на Вардар СЦЈС се лидери во својата група, Анастасија Нелоска ја предводи листата на најдобри стрелци во оваа екипа
Кадетките на Вардар СЦЈС се лидери во својата група, Анастасија Нелоска ја предводи листата на најдобри стрелци во оваа екипа

Кадетките на Вардар СЦЈС се лидери во својата група, Анастасија Нелоска ја предводи листата на најдобри стрелци во оваа екипа

Кадетките на ракометниот клуб Вардар СЦЈС го завршија првиот дел од сезоната на првото место, во својата кадетска група 2. Во конкуренција на шест екипи, нашите надежи остварија пет победи од исто толку одиграни натпревари и заслужено се наоѓаат на врвот на табелата во оваа група. Второпласиран е тимот на Лихнид. Постигнавме 148 гола, а примивме 82 погодоци.

Сите резултати за Вардаровите кадетки во есенскиот дел од сезоната:

1 коло: Вардар СЦЈС – Сружанка  25:11

2 коло: Пелистер – Вардар СЦЈС  21:34

3 коло: Вардар СЦЈС – Преспа 40:17

4 коло: Вардар СЦЈС- Лихнид  20:16

5 коло: Кичево  10 - Вардар СЦЈС  18:31

Анастасија Нелоска: Колективната игра на нашата екипа беше пресудна за високата победа

Анастасија Нелоска

 

Што се однесува до листата на стрелци, најефикасен играч на оваа екипа на Вардар е Анастасија Нелоска. Зад незјиното име има 33 погодоци. Втора по ефикасноста е Бојана Диневска со 27 голови, додека еден помалку или 26 има Ива Цветковска. Интересно е што во листата на стрелци се има запишано и голманката Јована Мицевска.

Вака изгледа листата на стрелци кај кадетките на Вардар СЦЈС:

1. Анастасија Нелоска  33

2. Бојана Диневска  27

3. Ива Цветковска  26

4. Ивана Блажевска  13

5. Ивона Трпевска  9

6. Марија Ивановска  8

7. Марија Дамовска  7

8. Јована Величковска 7

9. Ружица Атанасова  5

10. Марија Танчева  5

11. Мила Митровска  4

12. Тамара Стојчевска  2

13. Клара Трајкова 2

14. Јована Мицевска  1

Во групата е се натпреварува и втората кадетска екипа која ја предводат тренерскиот тандем Ристова-Пецевска кои имаат три победи и два порази по завршување на првиот дел од сезоната и се наоѓаат на третото место на табелата.