Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Ждрепката му го „додели“ Борец за деби колото на ФК Вардар во лигата, но иднината ни е неизвесна
Ждрепката му го „додели“ Борец за деби колото на ФК Вардар во лигата, но иднината ни е неизвесна

Ждрепката му го „додели“ Борец за деби колото на ФК Вардар во лигата, но иднината ни е неизвесна

 Денешната ждрепка во Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), ги даде паровите за првото коло кое е закажано за на 9.август. Поради прекинатото првенство и пандемијата со коронавирус, ФФМ ја прошири лигата на 12 екипи, па на ланските првологаши   им се приклучија тимовите на Беласица и Пелистер.

Вардар во првото коло ќе биде домаќин на тимот од Велес, екипата на ГРК Борец. Сепак она што е далеку понеизвесно во моментот е иднината на тимот. На само две недели до стартот не се почнати подготовките, ростерот се одсипува, решение нема на повидок. Ова се двојките за 1.коло од сезоната 2020/21 во ПМФЛ:

Шкупи – Шкендија
Македонија Ѓ.П. – Работнички
Беласица – Силекс
Пелистер – Академија Пандев
Вардар – Борец
Ренова – Струга Трим Љум