Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > Uncategorized > ФК Вардар утре ќе започне со подготовки, со „скрпен“ тим до зимо
ФК Вардар утре ќе започне со подготовки, со „скрпен“ тим до зимо

ФК Вардар утре ќе започне со подготовки, со „скрпен“ тим до зимо

Според информациите во медиумите, ФК Вардар ќе го избегне најлошото сценарио во кое се споменуваше настап од најнизок ранг и неиграње во фудбалската елита. Васовски утре ќе прозива, ќе се „крпи“ тим со цел да се настапи во првата лига во очекување на поволни ветришта и решавање на прашањето за нов спонзор. Целта е да се започне првенството, а потоа да се очекува евентуална разрешница на ситацијата која е познато е далеку од „розова“.

Помошници на шефот на стручниот штаб ќе бидат Никола Глигоров со Таневски, буџетот е десеткуван и ќе биде доволен за фунционирање и задоволување само  на  елементарните потреби на еден прволигаш. Дузина младинци ќе очекуваат промоција, доста важни играчи заминаа. Сезонава преодниот рок ќе трае до октомври,  па клубот ќе има  право да ангажира фудбалери и во наредните речиси два месеца.