Пливачки Клуб ВАРДАР 2018 на ден 09.08.2020 година (недела), го организира Првиот Крушевски Маратон “Тоше Проески” кој што воедно е и ПРВ маратон и натпревар организиран во Крушево. Маратонот ќе се одржи на Крушевското езеро, трката ќе биде кружна која ќе биде во должина од 2,5 километри.
Од вардаровиот клуб за истата велат:
Се надеваме на успешен маратон и маратон кој што ќе стане традиција во нашата земја. Името на овој маратон го одбравме во чест на нашата легенда Тоше Проески❤️