Денес на теренот на фудбалската федерација на Македонија, се одигра пријателски натпревар помеѓу фудбалските репрезентации на Македонија и Србија до 16 години. Дел од оваа млада и надежна селекција се тројца играчи кои доаѓаат од редовите на Вардар. Тоа се голманот Малик Зибери, стоперот Елвир Рамиќ и Кристјан Ристовски. Зибери оваа сезона е прекомандуван да брани за кадетите на Вардар, откако минатата сезона настапуваше за помладие пионери. Рамиќ пак ја носи капитенската лента за пионерите на Вардар и е незаменлив дел од дефанзивната линија на овој состав. Негов соиграч од пионерската екипа е и Кристијан Ристовски, кој игра на позициите десно и лево крило.
Денес нашата репрезентација славеше со резултат 3:1, откако успеаа да направи целосен пресврт. Србија прва поведе, но до крајот на првиот дел Македонија израмни на 1:1, што беше резултат по првиот дел. Во второто полувреме успеавме со головите на Колевски и Кулешевски да го свртиме резултатот и да го поразиме противникот.
На овој турнир учествува и селекцијата на Италија, со која ќе ги одмериме силите во петок. На денешниот дуел Зибери и Ристовски влегоа во игра во вториот дел, додека Рамиќ се очекува да биде дел од екипата на мечот со Италија. Исто така поранешното Вардарово дете, Дарко Чурлинов кој сега игра во Германија, беше дел од Македонската репрезентација на денешниот дуел.
Фото: http://ffm.mk/ffm