Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Мартин Карапалевски: Се трудам на секој натпревар да го дадам најдоброто од мене
Мартин Карапалевски: Се трудам на секој натпревар да го дадам најдоброто од мене

Мартин Карапалевски: Се трудам на секој натпревар да го дадам најдоброто од мене

Вчера во Делчево се одигра натпревар од кадетската машка лига, помеѓу истоимената екипа и нашиот Рк Вардар Јуниор. Во еден израмнет натпревар, поделбата на бодовите на крајот можеби беше најреален исход. Мечот заврши со резултат 26:26. Секоја од двете екипи имаа свој период, кога го диктираа темпото на игра. Убедливо најефикасен во составот на Вардар Јуниор беше Мартин Карапалевски кој постигна неверојатни 14 голови, кои се повеќе од половината на целиот тим. Инаку овој надежен ракометар е стандардно најдобар играч на црвено-црните, од самиот почеток на сезоната.

-Вчерашниот натпревар против Делчево беше тежок и исцрпувачки за нас. Под голем притисок бевме од страна на судиите и публиката.Тоа беше единствената причина зашто ние не го добивме тој натпревар, иако дадовме се од себе. Се трудам на секој натпревар да го дадам најдоброто од мене. Правам се што е во моја можност, но секогаш може и подобро.

Во последното коло од првиот дел на сезоната, Вардарци на свој терен ја пречекуваат екипата на Вардар-Неготино.

-Се подобруваме во нападот, тоа е една од нашите цели. Следниот натпревар го играме на домашен терен и се надевам дека ќе победиме, изјави Мартин Карапалевски за Вардар фанс.

Звонко Ивановски