Sunday ,28 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Ракометните клубови на Вардар “болно“ загубија, но никако не беа надиграни
Ракометните клубови на Вардар “болно“ загубија, но никако не беа надиграни

Ракометните клубови на Вардар “болно“ загубија, но никако не беа надиграни

Во саботата активни беа ракометните екипи на Вардар, со настапи во најголемото ракометно натпреварување. Рк и Жрк Вардар ги загубија своите дуели против многу јаки и квалитетни противници, но сепак не беа надиграни. Поразите ги чинеа губење на првата позиција на табелата, на која беа пред одигрување на ова коло.

Црвено-црните девојки одиграа одличен натпревар против поранешниот европски првак и екипата која секоја година е во врвот на Европа. Само секунди не делеа до нерешен резултат, но Норвешката репрезентативка Локе ни пресуди речиси во последните три секунди. Вардарки супериорно го почнаа овој дуел и во поголем дел од првото полувреме имавме константно водство, кое на моменти достигна и четири голови разлика. Оваа позитива умешно ја одржувавме до заминувањето на пауза, иако Унгарките на неколку пати се закануваа на нашата предност.

Дали поинаков тек ќе имаше натпреварот доколку Зебиќ на стартот на вторите 30 минути погодеше од пенал за четири гола предност. После тој промашен удар од седум метри полека почна да тоне црвено-црниот брод. Да не се случеа оние лоши осум минути, кога противникот направи серија од 8:1, најверојатно уште еднаш ќе го поразевме големиот Ѓер на свој терен. Домаќинот удри од секоја позиција по нашиот гол, можеби Питлик и Кастратовиќ требаа многу порано да повикаат тајмаут и да ги смират своите избранички. Наместо ние да водиме со највисоките 4 голови, оваа предност во тие моменти ја имаа Унгарките. Сепак Вардарки не се откажаа и продолжија да се надигруваат со противникот. Полека но сигурно ја топевме негативата и со голот на Радичевиќ во последната минута го израмнивме резултатот. Мартин Амброс повика минута одмор за своите ракометарки. Пенезиќ доби сосема непотребно исклучување, тоа умешно го казни Локе со звукот на сирената. Впечаток е дека Вардар полека ја враќа формата и потребната игра, која оваа сезона треба повторно да не однесе на Ф4 во Будимпешта. Сепак не треба во иднина да се дозволи голем пад во играта и повеќе од десет минути без погодок. Последниот натпревар со Хипо во Ј. Сандански нема никакво, ни резултатско ни бодовно значење. Во следната групна фаза пренесуваме четири бодови, од победите против Митјиланд.

За уште поболно да заврши ракометниот ден за сите црвено-црни навивачи, се погрижи актуелниот европски првак Барселона. Во арената “Палау Блауграна“ дербито на колото припадна за домаќинот, кој само за еден погодoк беше посупешен од нашиот шампион. Вардарци беа поразени, но никако и надиграни. Да немаше свој ден Тунинскиот репрезентативец Жалуз кој беше нерешлива енигма за нашата одбрана, сигурно дека конечниот исход ќе беше поинаков.  Можеби во текот на целиот натпревар “бркавме“ негатива, но и ние имавме свои моменти. На стартот на вториот дел направивме серија од 0:4 за прво наше водство во тие моменти. Брумен донесе втора наша предност во 40 минута, но Шпанскиот првак повторно ја презема контролата на игра. Отсуството на Абутовиќ во одбраната, во голем дел се одрази на нашата игра. Очигледна беше таа празнина во делот, каде брани Абутовиќ. Најрасположен наш играч беше Горбок кој постигна осум гола и немаше некоја голема поддршка од своите соиграчи во нападот. Неколкуте грешки во моментите кога се “кршеше“ резултатот беше пресудно за конечниот пораз. Барселона постигна само еден гол повеќе од нас и на крај го доби овој меч, кој го носеше епитетот “дерби“ на колото во ЛШ. Вардар со овој пораз го изгуби второто место, но веќе во недела има можност за поправен пред својата публика. Едно е сигурно дека ќе гледаме поинакво издание на нашите момци, кои се желни да го возвратат ударот од Шпанија.