Thursday ,28 March 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Кадетските машки екипи на Делчево и Вардар Јуниор ги поделија бодовите
Кадетските машки екипи на Делчево и Вардар Јуниор ги поделија бодовите

Кадетските машки екипи на Делчево и Вардар Јуниор ги поделија бодовите

Натпреварот во рамките на шестото коло од кадетската лига, помеѓу екипите на Делчево и Вардар заврши со нерешен резултат 26:26. Ова е прв ваков исход во новата сезона, за кадетите на Рк Вардар, кој ги предводи тренерот Чивлачки. Освен тоа имаат три победи и два порази.

Мечот во најголем дел беше израмнет, со периоди на мала доминација на двете страни. Домаќинот на овој дуел, екипата на Рк Делчево-Вардар во поголем дел од првото полувреме имаше постојано водство, најпрво 4:2, а потоа и 7:4 што беше највисока предност која двете екипи успеаа да ја остварат на натпреварот. Сепак во последните шест минути од првите 30 минути се случи израмнување, за во следниот напад младите Вардарци да имаат за прв пат предност од 11:12. Сепак со два гола во серија, Делчево заминува на одмор со резултат 13:12.

Второто полувреме беше крајно неизвесно и израмнето до самиот крај. Ниедна од двете екипи не успеаа да се одалечи од противникот, на разлика поголема од два гола. На неколку пати се менуваат со водството и двата тима. Црвено-црните имаа предност од 19:20, но повторно домаќинот возвраќа со два гола во серија. Можеби нерешениот исход беше најреален на овој исклучително израмнет дуел. Во последното коло од полусезоната на домашен терен го пречекуваме Рк Вардар-Неготино.

На овој натпревар повторно во нашиот состав блескаше Мартин Карапaлeвски со дури 14 голови, или тоа се повеќе од половина на головите за Вардар. Го следеше Александар Нанов со 5 голови.

Вардар Јуниор: Брунчевиќ, Кизиќ, Каранфиловски, Николовски, Атанасовски , Тевдовски, Карапалевски 14, Антевски 2, Нанов 5, Биковски, Ќосевски 4, Благопетров, Ангелковски 1, Мајсторовски, Динев и Гроздановски.