Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Младинките на Жрк Вардар “лесно“ против екипата на Ѓорче
Младинките на Жрк Вардар “лесно“ против екипата на Ѓорче

Младинките на Жрк Вардар “лесно“ против екипата на Ѓорче

Младинките на Жрк Вардар се вратија на победите во лигата, откако во рамките на шестото првенствено коло беа подобри од екипата на Ѓорче. Ова е вкупно четврта победа во лигата за нашите младинки. Конечниот резултат гласеше 26:14.

Натпреварот започна со гол на гостинките, за потоа да следи серија од седум последователни голови на Вардар, за резултат 8:1. Дури после десет минути, Ѓорче го запишува и својот втор погодок. До крајот на првото полувреме следиме израмнета игра на двете страни, црвено-црните успеаа да ја задражат стекнатата разлика во првите десет минути, па на одмор се замина со резултат 14:8.

Одлично го започнуваме вториот дел, каде успеваме да направиме серија од 3:1, за зголемување на водството, на 17:9 во 35 минута од дуелот. Избраничките на Билјана Пецевска продолжија во силно темпо да го играат овој натпревар. Добрата игра во одбраната, ни овозможува за прв пат да стигнеме и до двоцифрена предност, резултат 22:12 во 55 минута. Последните пет минути беа само “рутина“ за црвено-црните, кои го завршија мечот со 26 постигнати голови.  Во последното коло од првиот дел на сезоната, гостуваме на екипата од Рк Делчево Вардар.

Александра Вељаноска со 6 гола го предводеше Вардар кон нова победа. Нејзините соиграчки Анастасија Николовска, Тина Тодоровска и Ива Божиноска постигнаа по 4.

Жрк Вардар: Мицевска, Костовска, А. Тодоровска, Станиќевска 2, Колевска 2, Т. Тодоровска 4, Филиповска, Вељаноска 6, Георгиевска 1, Стојмановска, Давкова, Николовска 4, Карчева 1, Божиноска 4, Стамова, Иванова 2.