Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Во среда нова дружба на девојките од Вардар со публиката, локација Веро Центар
Во среда нова дружба на девојките од Вардар со публиката, локација Веро Центар

Во среда нова дружба на девојките од Вардар со публиката, локација Веро Центар

Продолжува праксата на нашиот женски ракометен шампион пред мечевите во елитна лига на шампионите да имаат дружење со фановите, кои може да се сретнат одблизу со својте идоли во црвено-црниот дрес. На  истата може да се фотографираат, да добијат автограми од девојките и дел од присутните ќе добијат билети за мечот. Локацијата на средбата  е “Амати“ во Веро центар во среда 18 ноември. Во повикот од нашиот клуб до публиката се вели :

Средбата со своите идоли и миленички кои веќе обезбедија место во следната фаза на лигата на шампионките ќе почне во 20 часот. Сите што ќе имаат желба да ги гушнат, бакнат и да се фотографираат со ракометарките, ова ќе им биде вистинска шанса тоа да го сторат.

Можете со себе да понесете хартија и пенкала за да добиете автограм, Доколку ги заборавите, ние ќе ви дадеме мини фотографија на нашиот тим каде ќе ви се потпишат нашите играчи. Дозволено е да се прави селфи фотографија, да се добие автограм на гипс, или пак да се фотографирате со повеќе ракометарки истовремено…Запознајте ги одблиску звездите што ги гледате постојано на ТВ.

Оние што ќе имаат среќа ќе добијат и билет за натпреварот со Хипо.

Ракометарките ќе бидат и нешто порано на местото на „состанокот“, и меѓусебе ќе се дружат, со кафе, сок и пица, како дел од заложбите за подигање на тимскиот дух, особено пред важни натпревари, како овој со Хипо од 6 коло на лигата на шампионите во сабота во СЦ „Јане Сандански