Голема но и значајна победа на Вардар на гостувањето во Струга кај тимот на ФК Караорман. Јунак на дуелот беше Жоглев, кој и по трети пат сезонава од исто толку натпревари постигна погодок и донесе важни три бода и прво место на табелата за Вардар.
Првиот дел не беше добар за тимот од Скопје, затоа штоа имаше негатива од 1-0, а и Гачевски спаси неколку добри шанси на противникот. Сепак искуството на Вардар и добрата клупа можеби пресудија. Десниќ најпрвин погоди на средина на вториот дел за 1:1, а пак комплетниот пресврт беше дело на Жоглев во 89.минута по одлична асистенција на Јаневски, кој исто така влезе во финишот од дуелот.
Со оваа победа и трите бода, Вардар сега е лидер на табелата во Втората лига.