Wednesday ,01 May 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > ЖРК Вардар реди гостински успеси, падна и Пелистер
ЖРК Вардар реди гостински успеси, падна и Пелистер

ЖРК Вардар реди гостински успеси, падна и Пелистер

Денес во рамки на 2.коло од нашата група, ЖРК Вардар гостуваше во Битола кај тимот на Пелистер. Црвено-црните дами ја продолжија победничката гостинска низа, девојките на Александар Царчев победија со резултат 23-29 (10-15).

Тргнавме одлично со серија 0-3 и најавивме дека ќе доминираме на оваа средба, одлични бевме во одбраната и неприкосновени во нападот. Тоа донесе високи осум гола позитива при резултат 3-11. Домаќинот успеа да намали дел од разликата и со 10-15 заминавме на одмор.

Во вториот дел умешно ја чувавме разликата во однос на ривалот, постојано бевме на околу пет гола предност. Победивме со шест позитива, односно со резултат 23-29.

Кај нас прв стрелец беше Миновска Сара со 7 гола, еден помалку, односно 6 впишаа Сара Стефаноска и Ивона Трпевска. Три гола беа дело на капитенот Диневска Бојана. Илиќ одбрани 11 удари, младата Вероника Ѓорѓиевска впиша три одбрани.