Со денешното пристигнување на Жуниор Реис Родригез од Бразил, се комплетира вардаровиот состав кој напролет ќе чува осум бодови предност пред Шкендија.
Жуниор поради авионските линии се приклучува најдоцна на тимот исто како и минатите зимски подготовки. Играчот од одбраната ќе има неколку денови време да се адаптира на температурите во нашиот главен град, а потоа и да замине со тимот во Анталија.
Вардар во Скопје ќе тренира уште неколку денови, за на 16 јануари да замине во Анталија каде ќе биде се до 4. февруари.
Првиот контролен тест Вардар ќе го има на 20.01 против тимот на Хајдук од Хрватска, а ќе одигра и уште пет други.