Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Толедо се враќа на тренинзите на Европскиот Шампион, утре црвено-црните го имаат првиот собир во новата година
Толедо се враќа на тренинзите на Европскиот Шампион, утре црвено-црните го имаат првиот собир во новата година

Толедо се враќа на тренинзите на Европскиот Шампион, утре црвено-црните го имаат првиот собир во новата година

Како што претходно известивме, Европскиот ракометен Шампион утре ќе го има првиот собир во новата година. За прв пат под водство на новиот тренер Стевче Алушовски ќе ги започнеме подготовките за вториот дел од сезоната. Како што известуваат од клубот на тренинзите треба да се приклучи и Жозе Толедо. Тој ќе има дополнителни медицински прегледи по што ќе добие дозвола кога и со каков интензитет ќе се приклучи. Сите останати се ставаат на располагање на новиот тренер, со исклучок на осумте играчи кои со своите репрезентации се дел од Европското првенство.

Ќе имаме помош и од некои играчи од екипата на Вардар јуниор кои и досега тренираа со нас. Оваа седмица ќе тренираме тука, а како ќе се комплетираме рака и ќе се зголемува интензитетот. Оние играчи од ЕП ќе треба и да се одморат, но и да бидеме секако подготвени за следните 4 меча во ЛШ, истакна Алушовски.

Првиот натпревар во оваа година, црвено-црните ќе го одиграа на 5.февруари кога гостуваат кај екипата на Кил. Пред Вардар се предизвиците да ги одбрани трофеите освоени од минатата сезона, а еден од нив е оној во Лигата на Шампионите.