Saturday ,27 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Кристопанс повторно најефикасен, но Летонија загуби убедливо од Холандија
Кристопанс повторно најефикасен, но Летонија загуби убедливо од Холандија

Кристопанс повторно најефикасен, но Летонија загуби убедливо од Холандија

Летонската ракометна репрезентација за која настапуваат двајца вардарци го доживеа и вториот пораз на Европското првенство.

После поразот од Шпанија, летонците беа немоќни и во дуелот против селекцијата на Холандија, која славеше убедлива победа. Летонија имаше само едно и единствено водство и тоа во првата минута од мечот кога успеа да го отвори резултатот. Холандија доминираше во првото полувреме, кога постепено го зголемуваше водството во своја корист. Најчесто разликата во корист на Холандија се движеше од 3-6 голови, а на полувреме, Холандија имаше предност од 10:16.

Во вториот дел во два наврати Летонија се враќаше во игра кога смалуваше на само три гола разлика, но немаше сили и за нешто повеќе. Холандија повторно ги врати шестте голови предност, која ја зголеми до крајот на дуелот, за на крајот да слави висока победа изразена со резултат 24:32.

Повторно Кристопанс беше најдобар стрелец во редовите на својата репрезентација, постигнувајќи 7 голови. Во последното коло од групната фаза, Летонија ја очекува тежок дуел против Германија, па се поочигледно е дека Летонија рано ќе ги заврши натпреварите во нивниот деби настап на Европските првенства.