Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > Комити > Комити: Веќе немаме право на киксови,против Воска можеме, но и мораме радикално да ја подобриме играта

Комити: Веќе немаме право на киксови,против Воска можеме, но и мораме радикално да ја подобриме играта

ПРЕЗЕМЕНО ОД ОФИЦИЈАЛНАТА СТРАНИЦА НА КОМИТИ ЗАПАД->
-По долго време го почувствувавме најубавиот момент, радоста, адреналинот, другарите покрај себе, трибината…
За жал овој момент се испостави дека беше најубавиот, но и единствениот кој личеше на Вардар.
Ваква игра е недозволива, за секаква осуда и веднаш е потребно да се вклучи алармот со цел да се смени пристапот и сите да се свестат каде се, што прават, и да се запрашаат кој дрес го носат !
Никој не смее да си игра со реномето на клубот, без оглед дали играме во прва, втора, трета или општинска.
Не смее да има калкулации, секој натпревар Вардар е должен да оди на победа, но не само да оди и да ја посака, туку и да ја заслужи со пристапот кон играта и бескомпромисната борба на теренот.
Веќе немаме право на киксови, и веќе следниот натпревар против Воска можеме, но и мораме радикално да ја подобриме играта, и да останеме во игра за првото место, кое е единствено прифатливо место на кое Вардар треба да биде.
А следниот натпревар Вардар ќе го игра пред своите навивачи, по речиси две години, но и прв пат во клубската историја во втора Македонска лига. Одлична прилика за пресврт и враќање на посакуваниот колосек.
Одлична прилика Западот да грми, да покажеме и ние дека сме соочени со реалноста, но и дека тоа ништо не менува кога е во прашање љубовта кон клубот.
ВИДЕО!!!