Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Кудуз: Вујо е најдобриот тренер со кој сум работел, неговиот темперамент е жесток

Кудуз: Вујо е најдобриот тренер со кој сум работел, неговиот темперамент е жесток

Повремениот репрезентативец на Хрватска и  најдобриот играч на Вардар во натпреварот против  хрватски, ППД Загреб во СЕХА-лигата Анте Кудуз. Даде интервју за  „Спортске Новости“( можете да го прочитате ОВДЕ), тој даде оценка на првиот дуел и зборуваше за тренерот на црвено-црните, Веселин Вујовиќ:

Мене ми е одлично во Скопје, буквално  во секој поглед. Нашиот тренер, Вујовиќ  е најдобриот тренер со кој сум работел. Темперамент  му е  жесток, но би кажал сличен на мојот, па затоа брзо се најдовме еден со друг. Сака ирачи кои се „фајтери“, а јас сум еден од нив. Мислам дека по поставата се гледа тоа, макар и другите да очекуваат поинаку. Незгоден е кога ќе се налути, но се прави за доброто на тимот. Кога дојдов ми кажа – „Ти си нашиот единствен шутер и од тебе барам да бидеш тоа во секој меч. Конкретно, залетај се, распали, нека гори сè! Не сакам да бидеш мек“. И тоа е тоа засега, добро тргна работата, не се сомневам дека така и ќе остане-вели Кудуз.