Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > Комити > Комити потсетија на чичко Дончо: Легендата која во наследство ни остави да ги чуваме идеалите

Комити потсетија на чичко Дончо: Легендата која во наследство ни остави да ги чуваме идеалите

103532379_2987675714620027_4203133085180046003_o

Најважните поддржувачи на црвено-црните,   „Комити Запад“,го прославија својот роденден, а исто така и тимот се подготвува да слави роденден. Тие му посветија објава на вардаровата фудбалска и тренерск легенда, Андон Дончевски. Првиот селектор на македонската фудбалска репрезентација кумуваше на името на навивачката група која се формира во 1987 година. Дончевски ги мотивираше фудбалерите со слики од Гоце, Јане, Ѓорче, Питу, Карев… „Комитите“ кои се бореа за Македонија во минатото, во објавата се вели:

„Да не заборавиме една легенда која има огромен удел во креирањето на ФК Вардар, но и нас, „Комити“. Во соблекувална пред натпревар слики од Гоце, Јане, Ѓорче, Питу, Карев, се слушаат македонски песни.

Знаеше на натпреварите да повика десетина навивачи од западната трибина, да ги внесе во соблекувална и да им рече „Војводи“ станете дојдоа „Комити“, заедно треба денес да се борите и да победите. Во соблекувална на Вардар не можеш да видиш новинари ниту роднини, но затоа можеш „Комити“.

Да ја поздравиме оваа легенда без која Вардар не би бил тоа што е, а и нам ни остави наследство да ги чуваме идеалите, Вардар и другарите. Поздрав чичко Андон… Го чуваме твоето наследство. Вардар ќе живее вечно!