Saturday ,12 October 2024
Последни:
Home > Uncategorized > На денешен ден 2019! Лавиците „крикнаа“ до небо, пионерките станаа кадетски шампиони на Македонија
На денешен ден 2019! Лавиците „крикнаа“ до небо, пионерките станаа кадетски шампиони на Македонија

На денешен ден 2019! Лавиците „крикнаа“ до небо, пионерките станаа кадетски шампиони на Македонија

На денешен ден лани, девојките на Платон и Папуџиева, пионерките на ЖРК Вардар направија неочекуван успех. Тие покрај титулата која од претходно ја имаа во својата генерација успеаа на Ф-4 турнирот во поврозасната категорија, кадетска да обезбедат титула. Се надминаа себе и покажаа дека се најдобра млада екипа во Македонија. Веста за нивнот успех пренесена на нашиот сајт изгледаше вака:

ШАМПИОНИИИ…тие се родени под шампионска ѕвезда. Оваа пролет наредија во сите конкуренции 16 победи од 16 меча. Денес на најголемиот “тест“ кадетското финале пионерките на ЖРК Вардар се издигнаа и го совладаа Металург. Тимот на Платон и Папуџиева кој е пионерски состав по пионерската лига завладеа и со кадетската. Нема епитетни кои не ги заслужија денес. Лавиците владеаат со женскиот пионерско/кадетски ракомет суверено во целост.

sg2

Тргнавме фајтерски на почетокот, поведовме со 1-4. Потоа умно во целиот прв период игравме игра гол за гол. Противникот немаше решение за нашите девојки, на одмор заминавме со тие три гола повеќе. Односно со резултат 7-10.
Ја посакувавме титулата, сепак повозрасниот ривал тргна на се или ништо во вториот дел. Ја нападнаа нашата предност, атакувајќи постојано на неа. Ние одигравме храбро, „машки“ и одолејавме на притисокот. Победата за титула дојде со резултат 32-31.

Кај нас дури 9 пати стрелаше Мила Пешиќ, по пет гола имаа Борјана Коцева и Бојана Радевска. Равојска имаше 4 гола, три погодока имаше Бојана Коцева. Сепак победи тимот, ние во сите линии бевме брилијантни.

Покрај титулата за пофалба ни се и поединците кои ги собраа дел од наградите. Зимското засилување, Сара Стефаноска е најдобар играч на Ф-4. Во идеалниот тим има место и за Борјана Коцева, девојката која оваа пролет има најголем напредок во играта. На самиот Ф-4 блесна и Бојана Радевска и заслужено се најде во идеалниот состав.