Вардар утре игра дерби дуел против Келце, гостува во Скопје Карачиќ, а по тој повод и „Комити“ излегоа со соопштение за утрешниот дуел.
Има многу играчи кои ќе не задолжија со своето залагање, борбеност, талент и харизма, многумина кои ни подарија моменти на кои секогаш ќе се сеќаваме, на кои ќе се гордееме и ќе раскажуваме дека сме имале привилегија да сме нивни современици и да ги доживееме…
Тешко е да доловиме што е она што значи овој човек за нас и за Вардар, но ако мора да има еден кој вечно ќе стои високо на пиедесталот, ако има еден на кој треба името да му го славиме а не е во Вардар, ако има еден кој заслужува да му биде подигнат споменик, тој не е Македонец а по род, но е Комита и Македончиште по душа и убедување…Тој е тој – Игор Карачиќ !!!
Да му се поклониме и заблагодариме за сите солзи и радости, за сите моменти поминати заедно.
Игор е наш, наш и ќе остане.
Сите во сала !!!
Сабота, 9 Ноември – 17:30ч.