Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > Комити > Комити соопштение за гостувањето во Кратово

Комити соопштение за гостувањето во Кратово

10307198_793189997401954_3500108172445048382_n
Може ли една полусезона да започне поубаво од едно бројно гостување во Кратово и враќање со трите бода?
За второто треба да се погрижат нашите фудбалери кои имаа одлични подготовки и после лошиот крај на есенската полусезона, ќе бидат гладни за освојување нови бодови. Знаеме дека титулата се освојува токму на ваквите гостувања во кои често фаворитите губат бодови.

За првата работа треба да се погрижиме самите ние. Последниве недели сигурно сте налетале на видеото во кое деца од едно забавиште пеат за Вардар во веќе далечната 1996 година. Зарем Скопјани ја загубија страста и љубовта кон Вардар низ годините? Љубовта кон клубот мора да е единствениот услов за присуство на нашата трибина, и никаква ситуација во Вардар или на трибините не смее да биде причина или оправдување за не присуство на натпреварите.
Зимската пауза заврши, будете ги црвено-црните другари од зимскиот сон затоа што мораме да бидеме дванаесетиот играч на ФК Вардар и да го донесеме до нова титула. Следете ги инструкциите на задолжените и однесувајте се според кодексите на групата, затоа што самите ние ја кроиме иднината на Комити. Одиме во Кратово!!!

Пријавување за ова гостување ќе има во петок и сабота од 20.00ч до 21.00ч.
Пријавувањето е со приложување на членската карта и чини 200 денари. За време на пријавувањето оние што не успеаја да набават членска ќе имаат можност да набават по цена од 250 денари. За оние без членска цената за гостувањето во Кратово ќе чини 300 денари, а ќе биде овозможено доколку останат слободни места во автобусите.
Исто така ве известуваме и дека пристигна втората тура на шаловите, така да во четврток и петок ќе имате можност при пријавувањето за гостување да купите и од шаловите.
Цената стандардно е 500 денари. Бидејќи сега има нови шалови убаво би било сите да ги носите во кратово и секако темна облека!

Текст и фото:komiti.org