Денеска од Турција во ФК Вардар пристигна Сертификатот за Босанскиот интернационалец Сенијад Ибричиќ .
Со пристигање на овој долгоочекуван документ е исполнет условот да Ибричиќ може да се натпреварува на официјалните натпревари на Вардар . Останува уште една техничка работа, а тоа е истиот да мине на Верификација во комисиjата при Фудбалската Федерација на Македонија . Новата Вардарова 17-ка со ова го исполнува и последниот услов да дебитира на официјален меч за Вардар . По евидентно одличните игри на подготовките истото деби се очекува во недела во Кратово . Ибричиќ во Вардар дојде од Турскиот тим Ерчиспор , тој има богата кариера има настапувано за Хајдук , Локомотив Москва , Газиантеспор итн . За босанската репрезентација досега настапи на 42 натпревари, и има постигнатоа 4 погодоци.