Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > Комити > Комити: Во недела за мечот со Победа започнуваме со дружба во 12-00 часот, влез слободен

Комити: Во недела за мечот со Победа започнуваме со дружба во 12-00 часот, влез слободен

60470831_2183155401738733_491661673925443584_n

Во недела,  на19.мај ФК Вардар ја пречекува “отпишаната“ екипа на ФК Победа во Маџари. Натпреварот ќе се игра со почеток во 16-30 часот, за истиот најверните навивачи на црвено-црните, Комити Запад излегоа со информација за своите членови. Во истата се вели:

Пред да почнат со критиките дежурните стручњаци ќе одговориме на сите прашања:
ДА, Знаеме дека Вардар не победува…
МОЖЕБИ, Нема некое значење…
НЕ, Тоа навистина нема логика
НИКАКО, Тоа нам не ни е важно !!!
Против инерцијата !
Вон сите правила !
Контра сите очекувања !
За нашата љубов кон ВАРДАР !!!
Последните две кола повикуваме на #МОБИЛИЗАЦИЈА
и #ЦрвеноЦрнаРеволуција
СОБИР И ДРУЖБА “НА ШАЛ” – во Ченто од 12:00ч.
Ќе има Маици и Шалови “Боже Чувај ја Македонија”