Wednesday ,24 April 2024
Последни:
Home > Uncategorized > Вардар утре домаќин на РК Бутел Скопје во меч од плеј-офот
Вардар утре домаќин на РК Бутел Скопје во меч од плеј-офот

Вардар утре домаќин на РК Бутел Скопје во меч од плеј-офот

Утре сме домаќини на екипата на РК Бутел во Спортскиот центар “Јане Сандански„. РК Вардар игра натпревари од плеј-офот со забрзано темпо поради пласманот на завршницата во ЕХФ Лигата на Шампионите. Вардарци го пречекуваат тимот кај кој гостуваа пред три дена и лесно го совладаа со 31-43.

Саботниот натпревар е закажан со почеток во 12-00 часот. За делители на судиската правда се делегирани Андонов Виктор и Јовановски Стојанче од Скопје. По шест одиграни меча ние имаме максимални 18.бода, се очекува лесна победа и на утрешниот натпревар каде Парондо веројатно ќе одмара дел од тимот.