Двајца ракометари на Вардар се најдоа во ТОП-5 најдобри асистенти во историјата на СЕХА-лигата. Медија тимот на ова натпреварување направи преглед на најдобрите додавачи во СЕХА.
Даинид Кристопанс ја предводи листата на најдобри асистенти, вкупно 210 за десниот бек на црвено-црните кој го става на првото место. Играчот на Татран Прешов, Лукас Урбан, го завзема второто место со 172 асистенции, додека третата позиција е за Игор Карачиќ кој има 144 асистенции. ТОП-5 листата ја заокружуваат Момир Илиќ (Веспрем) со 134 и Дмитри Никуленкау (Брест Мешков) со 123 асистенции.