Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > Slider > Вардаровите генер. 2004 и 2005 влегуваат во финишот на сезоната
Вардаровите генер. 2004 и 2005 влегуваат во финишот на сезоната

Вардаровите генер. 2004 и 2005 влегуваат во финишот на сезоната

До крајот на сезоната во регионалната-скопска лига, остануваат да се одиграат уште две кола, по што ќе бидат познати шампионите во генерациите родени 2004 и 2005 година.

Вардаровата генерација 2004 се наоѓа на 2.место на табелата со 37 бодови, или еден помалку од екипата на Работнички, која е лидер со 38 бодови. На третото место се наоѓа екипата на Шкупи, која има исто така 37 бодови, но и натпревар повеќе од екипите на Вардар и Работнички, додека четвртопласирана е екипата на Шкендија, со 36 бодови. Во најповолна ситуација се наоѓа екипата на Работнички, која треба да одигра на гостински терен со Скопје, додека дома ја пречекува екипата на Форца, додека Вардар треба да гостува кај Кул и на домашен терен против Драчево Јуниор.

Многу блиску до освојување на титулата во дебитантската сезона во регионалната-скопска лига е генерацијата на Вардар родени 2005 година, која на две кола пред крајот има три бодови повеќе од екипата на Кул. Екипата на Кул до крајот на сезоната има да одигра уште еден меч и тоа оној против Вардар на домашен терен, додека црвено-црните покрај овој дуел во последното коло на теренот на Академијата треба да ја пречекаат екипата на Драчево Јуниор, што значи дека Вардар е многу блиску до освојување на трофејот.

Двете генерации на Вардар, во понеделник ги очекуваат финалните натпревари во купот на Македонија. Најпрво со почеток од 11:00 часот, генерацијата 2005 во финалето ќе се сретне со Кул, додека попладнето од 17:00 часот, генерацијата 2004 во репризата на финалето од минатата сезона ќе игра против Шкендија.