Thursday ,28 March 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Преглед 16.коло! По победата над Пролет и “киксот“ на РК Аеродром за Ф-4 на кадетите на Вардар им треба само бод до крајот
Преглед 16.коло! По победата над Пролет и “киксот“ на РК Аеродром за Ф-4 на кадетите на Вардар им треба само бод до крајот

Преглед 16.коло! По победата над Пролет и “киксот“ на РК Аеродром за Ф-4 на кадетите на Вардар им треба само бод до крајот

Минатиот викенд се одигра 16.коло во кадетската група-1 каде настапува кадетскиот тим на РК Вардар. Момците на Будимир и Станковски на домашен терен во доминантен натпревар лесно остварија победа над Пролет. Покрај нашиот резултат во ова коло ни се наредија коцките и на другите дуели во наша корист.

Тимот кој беше зад нас РК Аеродром изненадувачки загуби дома од Бутел со 30-33 па со тоа загуби “чекор“ во потерата. Тие ја изгубија и втората позиција на табелата каде сега е тимот на кој гостуваме утре, Металург. На врвот на табелата црвено-црните имаат 39.бода, односно 5 повеќе од Металург и шест од Аеродром. На две кола до крај доволен ни е само еден бод за промоција на завршниот Ф-4 турнир во оваа конкуренција кој начелно е закажан за почетокот на идниот месец. Резултатите во 16.коло во нашата група се следни:

*АЕРОДРОМ – БУТЕЛ 30:33 (14:13)

*ШАМПИОН – МЕТАЛУРГ 33:37 (18:20)

*АЛУШОВСКИ – МАКЕДОНИЈА Ѓ.П 36:25 (16:15)

*ВАРДАР – ПРОЛЕТ 62 27:18 (11:08)

*ДРАЧЕВО-Слободен

  Врвот на табелата изгледа вака :

1.ВАРДАР 39 бода
2.МЕТАЛУРГ 34 бода
3.АЕРОДРОМ 33 бода
4.БУТЕЛ 30 бода
5.ПРОЛЕТ 21 бод